29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеобезбедените позиции во САД го надминуваат бројот на невработени по втор пат...

Необезбедените позиции во САД го надминуваат бројот на невработени по втор пат за 20 години

Американските компании објавиле помалку слободни работни места во мај во однос на претходниот месец, но неисполнетите позиции го надминуваат бројот на невработени за едвај втор пат во последните две децении, пренесоа американските медиуми, цитирани од светските агенции.

Министерството за труд, исто така, објави дека уделот на вработените кои ги напуштаат своите работни места достигнаа највисоки нивоа од април 2001-ва година.

Напуштањата се оценуваат како позитивен сигнал за самодовербата на луѓето дека ќе можат да си најдат нова работа.

Повеќето од оние кои ги менуваат своите работни места го прават поради повисока плата.

Податоците се одразуваат на силниот пазар на труд, придвижуван од оптимизмот на работодавците, кои планираат да го зголемат својот персонал.

Извештајот за вработувањата, објавен минатата недела, покажа дека компаниите вработуваат работници со стабилно темпо, а невработеноста останува на многу ниско ниво од 4 проценти.

Во мај имало 6,64 слободни работни места во САД и само 6 милиони невработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП