Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,017.33 -0.83%    APTK 750.00 0%    AUMK 1,803.00 2.97%    BESK 9,530.00 -2.41%    BEST 1,886.00 0%    FERS 59,500.00 -2.09%    GRNT 821.15 -1.07%    KJUBI 1,550.00 -0.06%    KMB 5,057.09 -2.74%    MPOL 281.00 -2.77%    MPT 42,987.44 -1.53%    OHB 6,100.00 -0.13%    OKTA 4,336.84 -0.55%    PPIV 44,108.00 -3.06%    RMDEN16 95.00 -0.84%    RMDEN17 95.90 0%    RZUS 138.90 9.6%    STIL 127.00 -5.17%    TPLF 990.17 2.29%    TTK 981.88 -1.82%    UNI 2,354.00 -1.92%    USJE 22,002.14 -1.62%    VITA 8,512.00 0.11%    

Николовски: Македонија првпат ќе биде земја партнер на саемот АГРА во Словенија

Време: 10:07

Датум: јули 11, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Република Македонија ќе учестува како земја партнер на 56. издание на меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2018, што ќе се одржи од 25 до 30 август во Горна Радгона, Република Словенија. Оваа година фокусот на саемот ќе бидат младите земјоделци и нивното вклучување во агробизнисот.

„Добивањето покана за партнерство на овој меѓународен саем, кој се смета за еден од најважните саеми за земјоделство и храна во централна Европа, е доказ за негувањето пријателски односи и доверба со Република Словенија и претставува силна поддршка на нашата земја во евроинтегративниот процес и во нашите заложби за европско, модерно, ефикасно и конкурентно земјоделско производство, кое со својот квалитет ќе биде препознатливо на надворешните пазари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Усогласувањето на македонското земјоделство со европското земјоделство претставува приоритет во евроинтегративниот процес на Република Македонија.

„Не постои подобрa можност од овој настан на кој Република Македонија може да го претстави својот потенцијал пред меѓународната заедница во време кога Македонија со големи чекори оди по патот на ЕУ и НАТО, пренесувањето и размената на искуства е тоа што всушност го нуди ЕУ во рамките на своите членки, тоа е добар начин за припрема на македонското земјоделство и другите институции пред преговорите за членство со ЕУ“, изјави Милан Јазбец, амбасадор на Словенија во земјата.

Република Македонија како земја партнер ќе ја искористи оваа шанса да се претстави од повеќе аспекти пренесувајќи ги своите традиционални вредности при производството на храна и вино, на културно богатство, туризам, а ќе ги претстави и можностите за инвестиции.
Презентацијата на земјата ќе ги содржи следните компоненти:

– Вкусот на Македонија – со акцент на промоција на македонската конзервна индустрија, односно преработките од овошје и зеленчук, како познатиот македонски ајвар, лутеницата и други традиционални производи чиј извоз е со постојан раст, понатаму македoнското традиционално овчо сирење и македонското јагне;

– Органска Македонија – односно Македонија како земја богата со еколошки региони погодни за производство на здрава органска храна чија потрошувачка е во постојан тренд на раст, особено на европскиот пазар;

– Вината на Македонија – промоција на квалитетното пакувано вино како производ со додадена вредност и голем потенцијал за извоз, како и градење препознатливост на Македонија како винска земја;

– Македонија како туристичка дестинација и земја со можности за инвестирање.

Од буџетот на Министерството во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година се обезбедени средства за изнајмување на штандот и за негово дизајнирање со национални обележја. Учество на саемот може да земат фирмите во областа на земјоделството и преработувачката индустрија, кои може да ја искористат оваа одлична можност за промоција на своите производи и поврзување со деловните партнери надвор од Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Туск: Трговскиот договор меѓу ЕУ и Јапонија е јасна порака против протекционизмот

    Туск: Трговскиот договор меѓу ЕУ и Јапонија е јасна порака против протекционизмот

    Трговскиот договор меѓу Европската Унија и Јапонија е јасна порака против протекционизмот. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. „Испраќаме јасна порака дека…

  • Блок 2 во РЕК Битола ќе биде исклучен поради редовен ремонт

    Блок 2 во РЕК Битола ќе биде исклучен поради редовен ремонт

    РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 2 и ќе почнат подготовките за редовниот годишен ремонт, предвиден за 25 јули,…

  • Австралија како огледало на нееднаквоста

    Австралија како огледало на нееднаквоста

    Нееднаквоста во светот е тема со која се занимаваат умовите на некои од најбогатите и најуспешните претприемачи на нашето време. Дискутабилно е какви се нивните…

  • Граѓанските активисти остануваат против градежни активности на Водно за изградба на гасовод

    Граѓанските активисти остануваат против градежни активности на Водно за изградба на гасовод

    Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ останува на ставот дека е против какви било градежни активности во „Парк шумата Водно“ и по вчерашната средба со вицепремиерот…

  • Државата денеска се задолжува, утре се раздолжува за 22 милиони евра

    Државата денеска се задолжува, утре се раздолжува за 22 милиони евра

    Државата денеска планира да позајми 22 милиони и 764 илјади евра од домашните банки и кредитори преку издавање петгодишни и триесетгодишни државни обврзници. Парите што…

  • ЈП ПОЦ: Од денеска почнува ажурирањето на податоците на паркиралиштата

    ЈП ПОЦ: Од денеска почнува ажурирањето на податоците на паркиралиштата

    Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ од денес ќе почне со ажурирање на податоците на корисниците на затворените паркиралишта со кои стопанисува…

  • Биткоинот продолжува да расте поради BlackRock

    Биткоинот продолжува да расте поради BlackRock

    Биткоинот поскапува и денес, продолжувајќи го растот од претходниот ден, кој беше предизвикан од веста дека гигантот во управувањето со средства „BlackRock“ формирал работна група…

  • Безос стана најбогатиот човек во модерната историја

    Безос стана најбогатиот човек во модерната историја

    Џеф Безос е најбогат човек во модерната историја на човештвото. Богатството на основачот на „Amazon.com Inc.“ вчера надминаа 150 милијарди долари, според индексот на милијардери…

  • Европа го одби барањето на САД за економска изолација на Иран

    Европа го одби барањето на САД за економска изолација на Иран

    Европа денеска го одби барањето на Соединетите Американски Држави за економска изолација на Иран и го усвои правниот инструмент за заштита од американски санкции на…

  • 92 лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост

    92 лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост

    Почна практичната имплементација на персонална асистенција за лица со попреченост. 92 невработени лица добија сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост преку обуката што…