4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитконот ќе го забележи својот најлош ден

Битконот ќе го забележи својот најлош ден

Биткоинот се насочува кон својот најголем пад по повеќе од две недели, откако дигиталната валута успеа да се опорави со близу 18% од најниските вредности за годинава, пишува „Bloomberg“.

Најголемата по пазарна капитализација криптовалута загуби 6% од својата вредност, забележувајќи го најлошиот ден од 22-ри јуни, па наваму според комбинираната цена на „Bloomberg“. Кратко пред 4 часот по македонско време, биткоинот поле се разменува за околу 6.381 долари.

Другите дигитални пари, вклучувајќи рипле, етерум и лајткоин, поевтини за повеќе од 4%.

Нагорен тренд кај криптовалутите се јавува ретко во оваа година, бидејќи апатијата донела надмоќ во позадината на шпекулативната манија која ги зафати пазарите минатата година и доведе до раст на цената на биткоинот со 1.400% за 12 месеци.

Недостатокот на интерес се одразува и во обемот на трговијата, а во јуни тие се на најниско ниво по повеќе од една година според податоците на платформа за тргување „Bitstamp“.

Глобалните побарувања за зборот „Биткоин“ исто така се близу до нивното најниско ниво во изминатата една година, според податоците на „Google Trends“.

Бројот на постови во „Twitter“ во кои се споменува криптовалутата, го достигнаа својот врв на 7-ми декември – 155.600, а во моментов се едвај 30.000 на ден, велат од „BitInfoCharts“.

Довербата во криптовалутите е ставена под притисок во оваа година по хакерските напади во Јапонија, Јужна Кореја и во други земји, при што се покренуваат многу безбедносни прашања.

Во исто време, централните банки и другите регулатори низ целиот свет предупредија за можноста за губење на инвеститорите и за опасностите од измама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП