3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралската свадба и климата ја поддржаа британската економија во мај

Кралската свадба и климата ја поддржаа британската економија во мај

Економијата на Велика Британија се зголеми за 0,3% во мај во однос на април, потпомогната од кралската свадба и топлото време, покажуваат последните податоци, соопштува „BBC“.

Од страна на Бирото за национална статистика наведуваат дека има промена во начинот на кој се пресметува БДП-то на Велика Британија. Веќе БДП-то ќе се земе во предвид на месечна и квартална основа, додека порано тоа се правеше само на три месеци.

За три месеци до крајот на мај економијата порасна за 0,2% во споредба со претходниот тримесечен период најмногу благодарение на растот во секторот на услугите за 0,4%.

„Првата проценка на БДП-то на новиот начин покажува мешана слика на економијата на Велика Британија со скромен раст, придвижуван од услужниот сектор, што делумно го компензира падот во градежништвото и индустриското производство“, коментира Роб Кент Смит од Бирото за национална статистика.

Тој објасни уште дека силниот пораст во услужниот сектор во мај и соодветно двојниот раст кој ги остварија трговците се должат во голема мера на топлото време и кралската свадба. Градежништвото, исто така се враќа кон раст по неколку послаби месеци.

Семјуел Томбс, главен економист во „Pantheon Macroeconomics“ смета дека подемот во мај е доволно силен за балансот во корист на зголемувањето на каматите во земјата во август, под услов дека владата не падна пред тоа.

Во меѓувреме од други податоци стана јасно дека трговскиот дефицит на Велика Британија е зголемен за 5 милијарди фунти до 8,3 милијарди фунти во трите месеци до мај, главно поради падот на извозот на стоки за сметка на зголемениот увоз.

Градежната продукција забележува опаѓање за кварталот, додека само во мај се забележува раст од 2,9% во со споредба со април.

Производството се намалува за 0,6% за три месеци во однос на претходното тримесечје, како главната причина е падот во индустријата за 1,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП