10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Топ 20 технолошки гиганти во светот

График на денот: Топ 20 технолошки гиганти во светот

Големите компании може да се најдат низ целиот свет. На пример, огромни автомобилски компании може да се најдат речиси насекаде на мапата. „Ford“ во САД, „Toyota“ во Јапонија, „Volkswagen“ во Германија, „Hyundai“ во Јужна Кореја, „Volvo“ во Шведска, „Tata Motors“ во Индија и „Magna“ во Канада. И ова се само некои од најголемите компании кои се вклучени во производството на автомобили и автомобилски делови.

Иако банките, фармацијата, енергијата и малопродажбата се шират низ целиот свет, ова не може да се каже за брзорастечката технолошка индустрија.

Судирот на технолошките титани

Последниот извештај „Тенденците на Интернет во 2018-та година“ на Мери Микер ги покажува водечките Интернет компании во светот по пазарна оценка со интересен и можеби неочекуван резултат.

Од 20-те најголеми технолошки гиганти во светот, никој не е надвор од САД и Кина, пишува „Visual Capitalist“. На прво место е „Apple“, која се проценува на 915 милијарди долари, следена од „Amazon“ и „Alphabet“ со пазарна оценка од соодветно 828 милијарди долари и 781 милијарди долари. Во првите десет се уште „Microsoft“, „Facebook“, „Alibaba“, „Tencent“, „Netflix“, „Ant Financial“ и „Salesforce“.

Компаниите кои се рангираат во првите 20 се проценети на вкупно 5,9 илјади милијарди долари, а 75% од нив се во САД и 25% во Кина.

Треба да се напомене дека во списокот не спаѓа „Samsung“, веројатно затоа што јужнокорејската компанија има премногу разновидна производствена дејност – телевизори, фрижидери, клими, батерии, микробранови печки и т.н.

Во прилог на американската и кинеската поделба, другиот важен аспект во рангирањето на најголемите технолошки гиганти е јасна поделба меѓу водечките компании и оние што се подолу во скалата. Не постои компанија со пазарен рејтинг помеѓу 200 и 450 милијарди долари.

Компаниите во топ седум во рангирањето сочинуваат 81% од вкупната вредност на вклучените во рангирањето на технолошките гиганти, а сите тие ја преминуваат границата од 450 милијарди долари. Во исто време 14-те компании до крајот на листата сочинуваат само 19% од вкупната вредност, што покажува колку е тешко за технолошки компании да се искачат на врвот на скалилото на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП