2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ја удвојува финансиската поддршка за Западен Балкан

Велика Британија ја удвојува финансиската поддршка за Западен Балкан

Велика Британија ќе ја зголеми помошта за Западен Балкан со 95%, до 80 милиони фунти, се вели во соопштението на британската влада.

Денес е главниот ден од работата на форумот за Западен Балкан во Лондон, на кој ќе присуствуваат владини и државни лидери од регионот, а исто така европски лидери, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел.

„Премиерот Тереза ​​Меј најави пакет мерки, кои имаат за цел да помогнат да напредува Западен Балкан за сметка на подобрување на колективната безбедност и зголемувањето на економската стабилност во регионот“, се вели во соопштението.

„Новиот пакет мерки предвидува зголемувањето на финансиската помош од Велика Британија со 95% – од 41 милиони фунти во 2018-2019 година до 80 милиони во 2020-2022 година“, се посочува во коминикето.

Претходно Велика Британија објави дека ќе додели 10 милиони фунти за обука на млади од Западен Балкан на компјутерска писменост и дигитални технологии и уште 1 милион – за надминување на последиците од конфликтите.

Главни теми на денешната средба во Лондон ќе бидат регионалната соработка во областа на безбедноста, засилувањето на економската стабилност и политичката соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП