26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW и Mercedes со полна пареа во текот на летото

BMW и Mercedes со полна пареа во текот на летото

leto

Следејќи го примерот на „Ford“ и „General Motors“, „BMW“ и „Mercedes“ најавија дека ќе ги прескокнат стандардните летни паузи на производство се со цел да одговорат на зголемената побарувачка на луксузни автомобили.

И покрај економската криза во земјата „BMW“ и „Mercedes“ своите фабрики ќе ги задржат да бидат оперативни и во текот на летните одмори, затоа што прекуокеанската побарувачка го надминува производниот капацитет. Овие одлуки на автомобилските гигнати се во голема спротивност со ситуацијата на европскиот пазар.

„Разликите во автомобилската индустрија се најочигледни во периодот за време на криза. Германските производители постигнуваат рекордни резултати и покрај тоа што Европа е во криза“, изјави Штефан Братцел.

Додека пак кај останатите европски производители сликата е многу различна, па така „PSA Peugeot Citroen“ ги затвораат своите погони и издава масовни отпуштања на работната сила.

Во САД „BMW“ во текот на јули ќе ја затвори својата фабрика во Спартанбург, Јужна Каролина на две недели, но само за да ја подготви за производство на новиот модел Х5.

„BMW“ и „Mercedes“ се нестрпливи да постават нови продажни рекорди за 2013-та година, пред се благодарејќи на големата побарувачка на нивните модели во Северна Америка и Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП