2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз во мај неочекувано се зголеми на месечна основа

Германскиот извоз во мај неочекувано се зголеми на месечна основа

Трговскиот суфицит на Германија е намален до 19,7 милијарди евра во мај во однос на 21,8 милијарди евра забележани во истиот месец од минатата година, бидејќи извозот е намален, а увозот се зголемил, соопшти „tradingeconomics.com“. На месечна основа, меѓутоа извозот неочекувано се зголеми за 1,8%.

Во мај извозот на најголемата економија во Европа се намали за 1,3% на годишна основа до 109,3 милијарди евра. Продажбата во земјите што не се членки на ЕУ се намали за 6,4% на 43,4 милијарди евра. Во меѓувреме, сепак, извозот во ЕУ порасна за 2,4% на 65,7 милијарди евра. Така за земјите од еврозоната е забележано зголемување на извозот од минималните 0,1% до 40,8 милијарди евра, а за преостанатите земји од ЕУ со 6,5% до 24,9 милијарди евра.

Увозот на Германија порасна за 0,8% на 89,4 милијарди евра. Набавките од земјите на ЕУ забележаа раст од 2,9% на 51,8 милијарди евра. Интересен факт е дека увозот од земјите од еврозоната отскокнува за 0,6% до 32,9 милијарди евра, додека од другите европски земји за 7% до 18,9 милијарди евра. Во исто време увозот во земји надвор од ЕУ се намалува со 1,9% до 37,6 милијарди евра.

Ако се разгледаат сезонски прилагодените податоци, трговскиот суфицит на Германија расте до 20,3 милијарди евра во мај во однос на 19 милијарди евра отсварени во април.

Извозот е зголемен за 1,8%, опоравувајќи се од падот од 0,3% во април и претекнувајќи ги прогнозите за скромно зголемување за 0,75%. Увозот неочекувано се зголеми за 0,7%, откако пазарните аналитичари очекуваа пад за 0,3% на месечна основа.

Од други податоци, станува јасно дека вишокот на тековната сметка, кој го мери протокот на стоки, услуги и инвестиции, се намалил од 23,5 милијарди евра во април до 12,6 милијарди евра во мај, покажуваат некоригираните податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП