3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPayPal е подготвен да потроши 3 милијарди долари годишно за превземања

PayPal е подготвен да потроши 3 милијарди долари годишно за превземања

Компанијата „PayPal Holdings“ ги разгледува можностите за идни превземања, откако последно ја презеде контролата над шведскиот финтех стартап „iZettle“ за сума од 2,2 милијарди долари – најголемата зделка за американската компанија за порамнувања, пренесува „Ројтерс“.

„Имаме добар биланс на состојба и сме подготвени да го користиме за да стекнуваме повеќе компании“, изјави претседателот и извршен директор на „PayPal“, Дан Шулман за германскиот бизнис весник „Handelsblatt“.

„PayPal“ е подготвена да инвестира до 3 милијарди долари во превземања кои на неа ќе и дозволат да се здобие со специфични можности за работа, тврди Шулман.

„Јас не би направил поголема зделка ако не ни одговара“, рече тој.

Откако се оддели од онлајн трговецот „eBay“ во 2015-та година, „PayPal“ се насочи кон обработка на онлајн трансакции за својата компанија мајка на понудата на пакет од дигитални платежни услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП