2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го потврди одобрувањето од 1 милијарда евра помош за Украина

ЕУ го потврди одобрувањето од 1 милијарда евра помош за Украина

Советот на ЕУ го потврди одобрувањето на програмата за макро-финансиска помош за Киев во износ од 1 милијарда евра, пренесоа агенциите.

Соопштението на украински и на англиски јазик беше објавено на „Твитер“ околу еден час пред самитот во Брисел да пристигне украинскиот претседател Петро Порошенко.

Одлуката, сепак, не значи дека средствата ќе бидат ослободени веднаш, бидејќи условите за нивно доделување треба да се договорат.

Советот на ЕУ ја одобри одлуката да обезбеди макро-финансиска помош од 1 милијарда евра за Украина уште на 26-ти јуни. На денешниот самит, ослободувањето на средствата не се очекува да биде објавено, изјави европски дипломатски извор на брифингот во Брисел.

Макро-финансиската помош за Киев се планира да се обезбеди во две транши од 500 милиони евра. За оваа цел, сепак, Брисел и Киев мора да ги консолидираат во писмена форма обврските што ќе ги презема Украина за возврат.

Европската комисија претходно објави дека обезбедувањето на средства ќе биде „во согласност со спроведувањето на политиката на Меѓународниот монетарен фонд кон Украина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП