2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнглиската црква ги предупреди нафтените компании

Англиската црква ги предупреди нафтените компании

Англиската црква соопшти дека ќе ги продаде акциите во нафтените и гасните компании што не покажале конкретни резултати во борбата против климатските промени, објавија британските медиуми.

Од англиската црква посочија дека до 2023 година ќе ги повлечат вложувањата во компаниите што досега не забележале конкретен напредок во исполнувањето на целите од парискиот договор за климатски промени, објави Би-би-си.

Генералниот совет на црквата на Англија ја усвои оваа одлука со 347 гласа „за“ и четири „против“.

„Резултатот од гласањето јасно покажува дека црквата мора да игра водечка улога по однос на важното прашање за климатските промени“, велат од англиската црква.

Сепак, рокот е поставен на три години подолго отколку што црквата првично сметаше, а тоа, според зборовите на портпаролката, треба да им овозможи на компаниите да поведат иницијатива за вистински промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП