2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиликонската долина ги „турка“ цените нагоре на куќите во Сан Франциско

Силиконската долина ги „турка“ цените нагоре на куќите во Сан Франциско

Просечната цена на становите во Сан Франциско се зголемила за 205.000 долари во првото полугодие на 2018-та година, што е најголемото шестмесечно покачување во историјата, соопшти локалната агенција за недвижности „Paragon“, повикувајќи се на податоци на компанијата „MLS“.

Просечната цена на куќа во градот сега изнесува 1.62 милиони долари. Цените на стан се зголемија за 71.000 до 1.21 милион долари.

Растечките цени се директна последица од актуелниот бум во Силиконската долина, кој не покажува знаци на забавување, објави „CNBC“. Цените на куќите во Сан Франциско се намалија во 2015-та и 2016-та година, а потоа повторно забележаа големо зголемување во минатата година.

Што се промени?

Фондот „Vision Fund“ на „Softbank“ со средства во вредност од 100 милијарди долари, кој беше формиран во 2017-та година, инвестира огромни суми во „стартапи“ од Силиконската долина. Откако „Softbank“ го преплави пазарот со капитал, традиционалните фондови за ризичен капитал, како „Sequoia“ одговорија на ударот, со вбризгување на огромни нови средства.

Освен тоа „IPO“-та на технолошките компании бележат најдобра година по подолго време, особено кај софтверските компании кои се појавија како резултат на овој бум, како „Dropbox“ (основана во 2007-ма година) и „Zuora“ (2006-та година).

Локалните технолошки гиганти работат подобро од било кога. „Apple“, „Alphabet“, „Facebook“, „Netflix“, „Salesforce“ и други продолжуваат да го зголемуваат твојот профит, цената на акциите и бројот на вработени. Доцнењето што го очекуваа инвеститорите не се случи.

Други фактори исто така придонесуваат за растот на цените на куќите во Сан Франциско, како крајно недоволната понуда на нови станови и недостигот на странски инвестиции. Но, бидејќи технолошката индустрија продолжува да ја води целата американска економија, нормално е овој град да стане најпосакуваното место за живеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП