28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави растот на продажбата на автомобили во Кина

Забави растот на продажбата на автомобили во Кина

avto3

Растот на продажбата на автомобили во Кина забави во мај, во однос на двоцифрената стапка на раст остварена во април, поттикнувајќи ја загриженоста дека втората по големина светска економија го губи здивот, објави Кинеското здружение на производители на автомобили.

Продажбата на возила во Кина во минатиот месец се зголеми за 9,6 проценти на годишно ниво, со продадени вкупно 1,76 милиони возила, се вели во соопштението на Здружението.

Во април продажбата на возила на третиот по големина пазар на автомобили на светот скокна за 13,4 проценти во однос на истиот месец лани.

Во првите пет месеци од годината продажбата на автомобили се зголеми за 12,6 проценти во однос на истиот период од минатата година, на 9,03 милиони возила, се вели во соопштението.

„Во првата половина од годината, производството и продажбата на автомобили повторно се зголеми за 10 проценти, што е генерално подобро од претходните предвидувања на почетокот на годината“, наведуваат од Здружението.

Продажбата на автомобили во Кина во 2012 година се зголеми за само 4,3 проценти, со продадени 19,31 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП