9 декември, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПејачот Влатко Илиевски почина на 33 годишна возраст

Пејачот Влатко Илиевски почина на 33 годишна возраст

Пејачот Влатко Илиевски ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.

Неговото семејство, пријателите и фановите ќе се простат со пејачот од 11 часот во капелата на гробиштата.

Илиевски синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил на улицата „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Teлото на пејачот било најдено по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.

Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП