26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC објави 68% пад на продажбата во јуни

HTC објави 68% пад на продажбата во јуни

Тајванскиот производител на паметни телефони „HTC“ соопшти дека приходите од продажбата во јуни опаднаа за скоро 68 отсто – најголем пад по повеќе од две години. Сето ова нагласува дека компанијата продолжува да губи корисници, во услови на зголемена конкуренција, објави „Ројтерс“.

Некогаш омилената компанија за потрошувачите и инвеститорите, „HTC“ изгуби позиции со појавата на играчи, како „Apple“, „Samsung Electronics“, а подоцна и „Xiaomi“.

„HTC“ објави дека нејзините приходи од продажбата за јуни се намалил на 2,2 милијарди тајвански долари (72 милиони долари) од 6,9 милијарди тајвански долари една година порано, и 2,45 милијарди тајвански долари во мај.

„Во високата класа продажбата на нивниот предводник оваа година е побавна од очекуваното, што доведува до помал пазарен удел“, коментира аналитичарот од компанијата за истражување на пазарот „Trendforce“, кој претпочита да остане анонимен.

Според него, во другите сегменти, уредите на компанијата не нудат нови спецификации за да привлечат потрошувачи и на тој начин да влијаат на продажбата.

„Trendforce“ очекува „HTC“ да пушта нови модели во поголеми интервали во оваа година, а проценува дека производствениот обем за 2018-та година е под 2 милиони примероци.

Минатата недела „HTC“ најави дека планира да отпушти околу една четвртина од работната сила во глобални рамки, или 1.500 места, а главно ќе бидат погодени вработените во нејзината фабрика во Тајван.

Акциите на „HTC“ ја намалија својата вредност за речиси 30 отсто од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП