17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрсовска: Новата економска платформа ќе ги поврзе бизнисите на Македонија и Кина

Арсовска: Новата економска платформа ќе ги поврзе бизнисите на Македонија и Кина

Во присуство на над 1000 делегати од Народна Република Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го презентираше проектот за новата економска платформа за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар преку која ќе се зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и НР Кина.

„Нашата земја е добро стратешки геопозиционирана, што претставува одлична можност за избор на Македонија за отворање на еден од центрите за транзит и дистрибуција на производите од НР Кина кон регионалниот но и кон западно европските пазари. Воспоставување на платформата за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од Македонија и НР Кина, ќе значи можност за зголемување на трговијата и заеднички вложувања на нашиот пазар“, изјави Данела Арсовска и додаде дека над 20.000 компании од Македонија ќе имаат бенефит од приклучување кон платформата.

Потпретседателите Габриела Кулебанова и Александар Милошевски, како и претседателот на градежната комора Ивица Јаќимовски остварија директни значајни средби во рамки на Самитот со платформата која се очекува да поврзе над 20.000 македонски компании со кинески инвеститори.

Во 2017 и во 2016 година по однос на вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од 444,0 милиони американски долари. Во 2016 година, вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од 421,2 милиони американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП