21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи ја завршуваат неделата со раст и покрај тензиите во трговската...

Европските берзи ја завршуваат неделата со раст и покрај тензиите во трговската размена

Европските берзи завршија со раст во петокот, и покрај трговските тензии меѓу САД и Кина, пренесува „CNBC“.

Паневропскиот „Stoxx 600“ се зголеми за 0,1%, а одделни сектори се движеа во различни правци. Медиумите и телекомуникациите се претставија најдобро, постигнувајќи раст од скоро 0,6%.

Во исто време акциите на автомобилските компании поевтинија со 1,2% и покрај растот од 3% во четвртокот по коментарите од американскиот амбасадор во Германија, дека германските автомобилски производители се подготвени да ги прекинат царините врз американски автомобили, ако Трамп престане да им се заканува со новата царина од 25%.

Лондонски репер „FTSE 600“ додаде 14,48 поени на својата вредност до ниво од 7.617,70 поени. Германскиот „DAX“ заврши со раст од 31,88 поени до 12.496,17 поени, а францускиот „CAC 40“ напредуваше со 9,45 поени до ниво од 5.375,77 поени.

На корпоративниот фронт цената на акциите на „Eurazeo“ порасна за 3,1%, така што стана една од најдобро претставените компании по зголемувањето на нејзиниот рејтинг од „HSBC“. Исправите на „Thyssenkrupp“ поскапеа за 1,7%, откако извршниот директор Хајнрих Хајзингер поднесе оставка, само една недела по потпишувањето на договорот за заедничко вложување со „Tata Steel“.

Акциите на „Deutsche Bank“ исто поскапеа за 2,5% по најавата на медиумите дека „JP Morgan“ и „Commercial Bank of China“ размислуваат за можноста да ја купат германската банка. „JP Morgan“ ги отфрли информациите, но акциите продолжија да се тргуваат на „зелена“ територија.

Цената на акциите на „Inmarsat“ се намали за 5% попладнето по подобрената понуда за купување од „EchoStar“ која компензира дел од загубите од претходните договори.

Општо земено инвеститорите ја следат состојбата во глобалната трговија, откако САД воведоа царини на кинески производи во вредност од 34 милијарди долари. Кина одговори соодветно со свои такси. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека дополнителни царини за кинески стоки во вредност од 16 милијарди долари можат да влезат во сила во следните две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП