28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје: Прскањето против комарци се реализира на терен

Град Скопје: Прскањето против комарци се реализира на терен

Градот Скопје ги известува граѓаните дека неделава, согласно програмата за дезинсекција на подрачјето на град Скопје се извршува прскањето против комарци.

Од Градот соопштија дека вчера била завршена терестричната дезинсекција која се спроведувала изминатата недела на територијата на градот Скопје, а утрово била извршена првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, што ќе продолжи во раните утрински часови утре, доколку се погодни временските услови.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“, информира Градот.

Оттаму ги потсетија пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП