8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИмајте приватен живот и покрај работата

Имајте приватен живот и покрај работата

Знаеме, многу работите и потребен ви е одмор од време на време. Колкумина од вас биле на Фејсбук во текот на работното време? Следат неколку совети како да бидете во тек и со приватниот живот без да ви настрада кариерата.

Повеќе од 90 проценти од луѓето ги користат социјалните мрежи во работното време и прават нешто од приватни цели за време на работните часови. Бидејќи работното време на некои лица е многу флексибилно и тие остануваат и прекувремено, не не чуди што се користат со такви методи.

Не се логирајте веднаш штом ќе влезете на работа на социјалните мрежи. Извршете некоја потешка задача, а потоа, за паузата одвојте 15 минути за да ги прочитате новостите, да стапите во контакт со пријателите или партнерот или да го обавите она што морате. Вашата работа за време на работните часови мора да ви биде на прво место.

Вториот совет е одвоеното време за приватни потреби да биде заокружено. Одредете колку време ви е потребно за да ја завршите приватната обврска и повеќе не се навраќајте на неа.

Не им попречувајте на колегите додека ги обавувате приватните разговори, особено не доколку се карате преку телефонот. На никој не му е грижа што се случува во вашиот дом, па затоа разговорите обавете ги тивко со цел да не оставите материјал за озборување.

Почитувајте ги службените и непишаните правила на работа и нека не ве интересираат колегите кои ги кршат тие правила. Секогаш јавете му се на шефот и најавете му ако морате да излезете и да обавите некоја приватна работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП