14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Утрово во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, повремен дожд проследен со ретки грмежи, а во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.

Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува од 13 до 20 степени, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопскиот регион од наутро ќе има зголемена облачност од која ќе има услови за повремен дожд со услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП