1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија влегува во трговска војна со САД

Русија влегува во трговска војна со САД

Русија воведе дополнителни царини од 25% до 40% за увезените стоки од САД. Мерката на Кремљ одговара на американскиот увоз на челик и алуминиум, објави руското Министерство за економија, цитирано од „ТАСС“.

Руските трговски бариери го покриваат увоз на американска градежна опрема, опрема за нафта и гас, фибер оптика, опрема за обработка на метали и многу повеќе.

„Соодветните мерки се применуваат во форма на дополнителните повисоки стапки на увозните давачки во износ од 25% до 40% од вредноста на увезената стока. Тие ќе бидат оданочени за некои американски стоки чии замени се произведуваат во Русија“, рече рускиот министер за економија, Максим Орешкин.

Русија може по период од три години да воведе нови дополнителни давачки за увоз на американски стоки, бидејќи тековните давачки не ја покриваат целосно штетата врз рускиот извоз од активностите на американските власти.

Според Орешкин, трговското ограничување на САД се проценува на 537,6 милиони долари. Ова е износот на дополнителните трошоци што руските добавувачи треба да ги платат на американските власти. Меѓутоа, со трговските бариери на Русија, сепак, дел од овие загуби – 87,6 милиони долари – може да се неутрализираат, додаде тој.

Остатокот од мерките, Русија може да ги примени или по три години од влегувањето во сила на американските царини т.е. по 21-ви март 2021-ва година, или по евентуално решение на Светската трговска организација (СТО), дека американските мерки не се во согласност со правилата на организацијата, објави Министерството за економија.

На крајот на јуни Москва упати барање до СТО за спроведување на формални консултации во спорот со САД за воведување на царина за увозот на челик и алуминиум. Ако не се најде компромис, Русија ќе го иницира прашањето пред арбитражата.

Претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија „ќе ги заштити своите интереси“, откако САД објавија трговска војна на Пекинг со наметнатите давачки од десетици милијарди долари на кинеските производи.

Русија веќе ги презела и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на сопствените интереси. Уште повеќе дека такви мерки се предвидени со правилата и нормите на Светската трговска организација (СТО), изјави тој и додаде дека неговата земја внимателно ги следи дејствијата како на САД, така и на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП