10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДевалвацијата на лирата „роди“ 18.000 нови милионери во Турција

Девалвацијата на лирата „роди“ 18.000 нови милионери во Турција

Бројот на турски милионери порасна за речиси 18.000 за само пет месеци, поради острата депрецијација на турската лира. Ова го објави весникот „Hurriyet“, цитирајќи податоци од Агенцијата за супервизија и регулирање на банкарството во земјата.

Според податоците сумирани од Анадолската агенција, турските милионери моментално бројат 156.866 луѓе, а пред помалку од половина година биле 138.980 луѓе. Тие имаат вкупно повеќе од 1,37 илјади милијарди лири. Во просек секој турски милионер поседува над 6 милиони лири.

За оваа година, износот претставува годишен пораст од над 127 милиони лири.

Од податоците е јасно дека мнозинство турски милионери преферираат да живеат во својата татковина – 141.753 луѓе. Само 15.113 луѓе се во странство.

Што се однесува до валутата во која ги чуваат нивните средства, поделбата е скоро еднаква. Речиси 441 милијарди се во лири, а останатите 493 милијарди се во еквивалент во странска валута.

Годишната инфлација во Турција се зголеми за повеќе од 15 отсто во јуни за прв пат во последниве 15 години, според официјалните податоци објавени претходно оваа недела.

Тие дополнително ги зголемија тензиите над турската валута, која изгуби речиси 20 отсто од својата вредност во однос на доларот од почетокот на годината.

Турската централна банка, од своја страна, ги зголеми своите клучни каматни стапки за 500 базични поени од април, во обид да го сопре падот на лирата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП