14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна Фин Хакатон – натпревар за креирање веб-апликација, видео или игра

Почна Фин Хакатон – натпревар за креирање веб-апликација, видео или игра

Од денеска до недела во просториите на Министерството за финансии се случува Фин Хакатон – натпревар на идеи, на кој треба да се креира веб-апликација, видео или мултимедијална игра за граѓанскиот буџет.

Учесници на хакатонот се програмери, графички дизајнери, економисти и креатори на софтвер кои имаа можност да се пријавуваат на отворен конкурс, спроведен изминатите 10 дена.

Како подготовка на натпреварот, во средата во новите простории на Фондот за иновации и технолошки развој се одржа подготовка за тимовите – буткамп. На буткампот пријавените натпеварувачи имаа можност да се запознаат и да формираат тимови, кои за време на викендот ќе работат на своите идејни решенија. В недела жирито ќе ги избере најдобрите предлози.

#ФинХакатон е во организација на Министерството во соработка со Фондот за иновации, а наградниот фонд за него изнесува 1,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП