Од почетокот на годинава до крајот на јуни уништени се вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло (месо, производи од месо и од млеко, риби, мед и јајца), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Поголем дел или 43.668 килограми небезбедна храна уништиле самите оператори врз основа на воспоставените внатрешни контролни системи за безбедност на храната – (HACCP). 59.298 килограми од уништената небезбедна храна се од домашно производство, а остатокот од увоз.
„Ги охрабруваме граѓаните недоследностите во поглед на безбедноста на храната да ја пријават во Агенцијата на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на [email protected]“, велат од АХВ.