29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто треба да избегнувате кога работите од дома?

Што треба да избегнувате кога работите од дома?

Иако многумина си мислат дека убаво е да се работи од дома, понекогаш тоа може да биде потешко и од работењето од канцеларија, со оглед на тоа што во домот има многу работи кои многу лесно ни го одвлекуваат вниманието.

1. Кревет

Заборавете на работењето од кревет, бидејќи тоа е едноставно премногу удобен начин на работа, што ќе ве деконцентрира. Работењето на биро или маса, исто како и во канцеларија, ќе биде многу поефикасно.

2. Телевизор

Еден од непријателите на квалитетната работа од дома е телевизорот. Затоа, или држете го исклучен или одберете просторија во која нема телевизор.

3. Фрижидер

На сите ни се познати „прошетките“ до фрижидерот и консумацијата на омилената храна, а оваа навика ни зема многу време и не прекинува во работењето. Обидете се да си одредите точно време за пауза кога ќе консумирате оброк, со цел да заштедите на време.

4. Паузи

Експертите советуваат дека при работењето од дома не смееме да претераме ни со паузите кои ни изгледаат природно бидејќи не сме во канцеларија туку сме во нашиот дом, одредете си време за пауза и одмор кој нема да го поремети вашето работење.

5. Пријатели на гости

Објаснете им на сите ваши пријатели дека вие работите од дома и дека во работното време не можете да примате гости. Тие не треба да ви се налутат за ваквата постапка бидејќи вие егзистирате на тој начин. Дружбата со пријателите закажете ја после работното време, без оглед на работењето од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП