26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобредојдовте во Хамилтон, најскапиот град за животот во светот

Добредојдовте во Хамилтон, најскапиот град за животот во светот

Иако на ум најверојатно ги имате Њујорк, Монако или Дубаи, кога ќе помислите за најскапите места во светот, една островска дестинација ги надмина овие гиганти од првото место и беше наречена најскапиот град за живот на планетата.

Жителите на крајбрежната престолнина на Бермудските острови – Хамилтон, плаќаат највисока цена за живот во светот, според просечниот годишен индекс на „Numbeo“, цитиран од „T + L“.

Според рангирањето, Хамилтон може да се пофали со највисоки цени во светот во однос на нешта како што се транспорт, намирници, комунални услуги и друго.

Овој главен град исто така е на прво место во рангирањето на градови со најскапи ресторани.

Со население од нешто повеќе од 1.000 луѓе, Хамилтон е една од најмалите престолнини во светот.

Сепак, статусот на даночно засолниште и туристичка дестинација ги зголемува трошоците за живот.

Останатите 10 најскапи градови за живот во светот со ништо нема да ве изненадат.

Сан Франциско и Њујорк следат во рангирањето, а потоа се Рејкјавик во Исланд и Бруклин, Њујорк. Првите десет се формирани од пет градови во Швајцарија – Цирих, Женева, Базел, Лозана и Лугано.

На спротивната страна од рангирањето, индиските градови ги освоија првите 13 места во листата на најевтините места за живеење.

Додека Хамилтон е секако скап, треба да се напомене дека градот не е едногласно признаен како најскапо место на планетата.

Оваа недела, консултантска фирма „Mercer“ ги објави резултатите од своите годишни истражувања за животните трошоци.

Според нивното рангирање, кое ги проценува градовите од 200 различни категории, како што се храна и изнајмување, покажува дека Хонг Конг е најскапото место за престој на странци.

Претходно оваа година, светско истражување на трошоците за живот го прогласи Сингапур за најскапиот град во светот петтата година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП