9 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло, од утре дожд и грмежи

Сончево и топло, од утре дожд и грмежи

Сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне, главно на североисток и северозапад, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со температура до 34 степени.

Промена на времето се очекува од викендот кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар