5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing ќе го купи делот за патнички авиони на Embraer

Boeing ќе го купи делот за патнички авиони на Embraer

„Boeing Co.“ ќе ја купи за 4.75 милијарди долари единицата за патнички авиони на бразилската компанија „Embraer SA“, како дел од создавањето на нова компанија која ќе биде контролирана од американскиот производител, информира „Reuters“.

Новата компанија која ќе ја опфаќа поделбата за патнички авиони и услуги на „Embraer“, би требало да го направи „Boeing“ лидер на пазарот на помали патнички авиони, укажувајќи сериозна конкуренција на програмата „CЅeries“ на кандската компанија „Bombardier Inc.“, која е поддржана од европскиот конкурент „Airbus SE“.

Зделката ги проценува активностите на „Embraer“ поврзана со патничките авиони, на 4.75 милијарди долари, додека вредноста на 80 отсто од акциите на „Boeing“ во новата мешана компанијата ќе чинат 3.8 милијарди долари.

Според условите на договорот, „Boeing“ ќе поседува 80% од акциите во мешаното друштво, а „Embraer“ останатите 20%.

Новата компанија се очекува да започне да придонесува за заработката на „Boeing“ по акција во 2020-та година и ќе генерира годишни заштеди пред даноците од околу 150 милиони долари по третата година.

Изјавата на двете компании нема никакви индикации за плаќање од страна на „Boeing“ за договорот.

Првичните планови на „Boeing“ за купување на „Embraer“ беа одбиени од бразилската влада поради стратешки безбедносни причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП