3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопjани можат да ги поправаат велосипедите на пет сервисни станици низ градот

Скопjани можат да ги поправаат велосипедите на пет сервисни станици низ градот

Град Скопје денеска ги промовира 5-те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите, доколку имаат потреба, да извршат мали интервенции на своите велосипеди.

Локациите на сервисните станици се така одбрани за да бидат на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24-часовен видеонадзор со цел да се заштитат од намерно предизвикани штети.

Поконкретно, велосипедистите можат да ги користат сервисните станици кај бензинската станица „Mакпетрол“ на булеварот Партизански одреди (кај раскрсницата со булеварот 8 Септември), потоа бензинската станица „Макпетрол“ кај Tранспортниот центар, бензинската станица „Макпетрол“ на излезот на Скопје кај Автокоманда, бензинската „Окта“ на булевар „Србија“ и пред Инфо-центарот на Град Скопје во Градскиот парк.

„Намалувањето на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалувањето на загадувањето на воздухот, се предизвици со кои се соочуваат сите големи градови во светот. Од овие причини Град Скопје посветува големо внимание на активностите кои придонесуваат за постигнување одржлива урбана мобилност во сообраќајот“, изјави Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Проектот е реализиран во соработка со Стопанска банка АД и директно придонесува за развојот на велосипедската култура, информираат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП