14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba пушта рекламен софтвер за вештачка интелигенција

Alibaba пушта рекламен софтвер за вештачка интелигенција

Кинеската компанија за електронска трговија „Alibaba“ пушти алатка со вештачка интелигенција, којa може да пишува 20.000 реда рекламни пораки во секунда, пишува „CNBC“.

Новиот софтвер, интегриран во „Tmall“, „Taobao“, „Mei.com“ и „1688.com“ – платформите на „Alibaba“ за е-трговија, им овозможува на компаниите да притиснат копче во своите производни страници, со кој ќе генерираат различни промотивни идеи за нив.

И покрај неверојатните способности на дигиталната алатка, „Alibaba“ тврди дека компјутерската програма нема да ги замени луѓето.

„Целата содржина, создадена од „AI Copywriter“, е резултат од примената на модели за длабоко учење, тренирани со огромни количини на квалитетна содржина создадена од луѓе“, коментира Кристина Лу, генерален менаџер на маркетинг единица на „Alibaba“ – „Alimama“.

„Човечката креативност е пресвртница за машината која не може да ја замени креативноста на луѓето. „AI“ за маркетинг … им овозможува на луѓето да посветат повеќе енергија на креативната работа“, додава таа.

Модната марка „Esprit“ веќе ја користи алатката за да одговара на должината и тонот на своите реклами. Брендовите можат да изберат дали рекламите ќе се забавни, поетски или на друг начин.

„Alibaba“ тврди дека опцијата веќе е користена милиони пати на ден од мали до средни компании кои сакаат да создадат повеќе верзии на реклами, кои се погодни за различни позиции.

Рекламирањето стана важен извор на приходи за „Alibaba“. Предвидувања покажуваат дека таа ќе собере околу 40% од сите буџети од мобилното рекламирање во Кина во следната година, што е еквивалентно на повеќе од 20 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП