26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетски камп за енергетска ефикасност

Детски камп за енергетска ефикасност

evndetskikamp1

Со детскиот камп во Струга, каде што основците од земјава учествуваа во квиз-натпреварите за енергетска ефикасност, се заокружи и оваа учебна година на  Училишниот проект на ЕВН Македонија. Преку најразлични игри, забава и едукација во детскиот камп учествуваа учесници од сите петнаесет училишта во кои ЕВН Македонија годинава организираше континуирана настава за енергетска ефикасност.

Победници се  учениците од ОУ „Дитурија“ од скопската Општина Сарај, на второ место се пласираа учениците од ОУ „Братство и единство“ од Охрид, а трети се основците од  „Лирија“ од Општина Чаир-Скопје. Мини електронски сметачи, апарати за мерење на ефикасното трошење на електричната енергија, училишни прибори и други награди поделија најдобрите ученици.

Кампот се оддржа во одмаралиштето на Црвен Крст “Солферино” во Струга. Во рамки на кампот волонтери од повеќе младински организации работеа на изработка на едукативни игри во кои се натпреваруваа учесниците на енергетскиот квиз.

ЕВН Македонија веќе шест години ја спроведува посебната програма за едукација на најмладите за разумно користење на електричната енергија, која се реализира со помош од граѓанските здруженија.

Проектот се спроведува во соработка со здружението Конект како фасилитатор на активностите на терен на локалните организации: МАЦЕФ од Скопје, Младински Совет Охрид, Планетум од Струмица и Жетва на знаење од Прилеп. Искуството од соработката е многу позитивно, и проектот досега е добитник на повеќе награди за општествена одговорност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП