10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвозните давачки на САД ќе ја чинат Јужна Кореја 2,4 милијарди долари

Увозните давачки на САД ќе ја чинат Јужна Кореја 2,4 милијарди долари

Американските царини за увозот на челик, машини за перење и соларни батерии од Јужна Кореја, ќе чинат земјата над 2,4 милијарди долари, се наведува во финансискиот извештај на владата.

Новите американски царини, кои се 70 проценти од просечните за периодот 2015-2017 година, можат да доведат до намалување на речиси 16.000 работни места. Според извештајот на владата производство на машини за перење ќе загуби 760 милиони долари и над 8.100 работни места, а производителите на соларни батерии – 470 милиони долари и околу 1.300 работни места.

Претходно Јужна Кореја поднесе барање до Светската трговска организација (СТО) за билатерални консултации со САД по воведените во јануари увозни давачки за машините за перење и елементи од сончевите батерии. Според азиската земја, овие мерки се спротивни на правилата на СТО. Во април властите во Јужна Кореја објавија плановите за наметнување на увозни давачки за американските стоки за 480 милиони долари како контрамерка спрема американските царини.

Новите американски тарифи ќе влијаат најмногу на јужнокорејските гиганти „LG Electronics“ и „Samsung Electronics“.

Договорот за слободна трговија меѓу Јужна Кореја и САД беше потпишан во април 2007-ма година и влезе во сила во март 2012-та година. За време на предизборната кампања на претседателот на САД Доналд Трамп постојано го критикуваше овој документ, опишувајќи го како неповолен и нечесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП