9 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТопло време со температури до 36 степени Целзиусови

Топло време со температури до 36 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека утринските температури ќе се движат од 13 до 20, а дневните максимални од 30 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево и топло време со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок и за време на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар