14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBank of America: На повидок е нова криза

Bank of America: На повидок е нова криза

Аналитичарите на американската „Bank of America“ предупредуваат дека трендовите на светските пазари сега се слични на оние пред кризата од 1997-1998-ма година, пренесува „Bloomberg“.

„Одржливиот раст на американската економија, кривата на принос на обврзниците и падот на пазарите во земјите во развој личат на периодот од пред две децении“, истакнува во анализата Мајкл Хартнет.

Она што се сметаше за локализирана валутна криза поради девалвацијата на тајландскиот бат во 1997-ма година, наскоро се шири на други пазари во развој, завршувајќи со банкрот на Русија во 1998-ма година, потсетуваат агенциите.

Во анализата се посочува дека на крајот на 90-тите години на дваесеттиот век за три години доларот поскапе за 25% и тоа беше придружено со пад на пазарите во развој.

Сепак „Bloomberg“ наведува дека анализата на „Bank of America“ има празнини, а азиските економии ќе постигнат раст од 6% во 2020-та година.

Во претходната анализа Светската банка објави дека економијата на глобално ниво во 2018-та и 2019-та се развива оптимистички, но предупреди дека на секои 10 години има рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП