14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловната активност во еврозоната се интензивираше во јуни

Деловната активност во еврозоната се интензивираше во јуни

Бизнисот во еврозоната го забрза растот во јуни, поттикнувајќи ја Европската централна банка (ЕЦБ) да ја заостри својата монетарна политика. Сепак, оптимизмот меѓу менаџерите за снабдување е на најниско ниво од крајот на 2016-та година. Ова се податоците од студијата на „IHS Markit“.

Побрзиот раст во монетарната унија, меѓу растечкиот притисок врз цените, се очекува да внесе доверба на луѓето кои ја обликуваат политиката на ЕЦБ. Тие минатиот месец објавија дека банката ќе ја прекине својата програма за купување обврзници до крајот на годината.

ЕЦБ објави на 14-ти јуни дека зголемувањето на каматните стапки се уште е далеку од позадината на неизвесноста што ја има економијата.

Показателот на компанијата за финансиски информации „IHS Markit“ за мерење на бизнис активноста во производството и услугите – индексот „PMI“, кој се смета како сеопфатен индикатор за растот се зголемил до 54,9 во јуни од 54,1 во мај. Ова е над 50, што го дели растот од контракцијата.

Оваа бројка е повисока од прелиминарната проценка од 54,8 поени, но таа заостанува зад вредностите на почетокот на годината.

Индексот на очекувања за раст на производството, кој го мери бизнис оптимизмот, се намали на 63,4 од 63,7 – најниско ниво од ноември 2016-та година.

Германскиот сектор на услугите забележа раст до 4-месечен максимум, а активноста во францускиот приватен сектор исто така е зголемен, потпомогнат од преродбата во секторот на услугите што го компензира дополнителното одложување во производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП