25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатар го купува Plaza Hotel во Њујорк за 600 милиони долари

Катар го купува Plaza Hotel во Њујорк за 600 милиони долари

Малото, но богато со нафта кралство Катар се договори за купување на една од најпознатите иконски згради во Њујорк, „Plaza Hotel“, за околу 600 милиони долари. Така земјата го купува хотелот кој припаѓал накогаш на американскиот претседател Доналд Трамп, кон полтфолиото од луксузни имот, пренесува „Ројтерс“.

Катарската државна компанија „Katara Holdings“ ќе се здобие со целосна сопственост на хотелот, вклучувајќи дел од 75% на индиската компанија „Sahara India Pariwar“, соопшти запознаен извор.

Катар купува луксузни хотели и имот во западни земји во последните десет години во рамките на напорите на државниот инвестициски фонд на земјата, кој поседува средства од над 300 милијарди долари, да го прошири своето портфолио на извозот на гас и нафта.

Катар, која е најголем извозник во светот на течен природен гас, веќе поседува познати хотели, како „The Savoy“ и „The Connaught“ во Лондон.

Катарскиот инвестиционен фонд инвестираше средства и во големи западни компании, како автомобилскиот производител „Volkswagen“ и рударскиот гигант „Glencore“.

Се очекуваше дека темпото на инвестициите на Катар во странство ќе забави во позадина на кризата во Персискиот залив, откако соседните земји Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин воведоа економски санкции на Доха поради наводната поддршка на тероризмот.

Катар ги негира тврдењата и вели дека економскиот бојкот е обид за поткопување на нејзиниот суверенинет.

Зделката за „Plaza Hotel“ е најголемата инвестиција во западниот имотен пазар на Катар од почетокот на блокадата во јуни минатата година.

Трамп го купи хотелот во 1988-ма година, но мораше да го продаде на група инвеститори, меѓу кои и саудискиот принцот Алуалид бин Талал, пред повеќе од две децении во рамките на постапката за заштита од банкрот. Принцот Алуалид остана малцински акционер во хотелот пред договорот со Катар.

Веќе неколку години „Sahara“ се обидува да го продаде својот удел поради финансиските тешкотии на претседателот на компанијата, Субрата Рој.

Во „Plaza“ се престојувале гости, како Битлси и Марлен Дитрих, која е пеела таму. Венчавката на Трамп со Марла Мејпелс, која се одржа во 1993-та година.

Хотелот е присутен и во неколку филмови, меѓу кои американскиот трилер на Алфред Хичкок од 1959-та година „Север-северозапад“, драмата од 1991-ва година „Чувство за жена“ во кој глуми Ал Пачино и гангстерската драма од 1990-та година „Кралот на Њујорк“ со Кристофер Волкен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП