20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок во кражбите на криптовалутите во 2018-та

Скок во кражбите на криптовалутите во 2018-та

Размената на криптовалути порасна во голема мера во првата половина од оваа година. Вредноста на украдените валути е три пати поголема од онаа за целата 2017-та година, објави „CipherTrace“.

Во првите шест месеци од годината беа украдени вкупно 761 милиони долари во дигитални валути. Според „CipherTrace“, оваа бројка би можела да достигне до 1,5 милијарди долари до крајот на оваа година. За споредба во текот на 2017-та година, вредноста на украдените валути изнесува 266 милиони долари.

Главниот проблем е што украдените валути главно се користат за перење пари и други криминални активности. Скокот на кражбите на берзите го привлекува вниманието на глобалните регулатори и агенциите за спроведување на законот. Постои дијалог на различни нивоа, што ќе биде долг процес.

Најновиот грабеж што го видовме беше на берзата за размената на Јужна Кореја. Хакерите украле вредни 32 милиони долари во дигитални валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП