7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиколовски: Поефикасни контролни системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и...

Николовски: Поефикасни контролни системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата

Денеска официјално заврши твининг-проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата“, финансиран од Инструментот за претпристапна помош ИПА 2012 на Европската Унија.

„Обезбедувањетоа безбедна и квалитетна храна е наша стратешка цел, пред сè во насока на осигурување заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, а секако и кон исполнување на европските стандарди, за поголема присутност на македонски земјоделски производи на европските и меѓународните пазари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи на исполнување на сите предуслови за успешен почеток на преговорите со Европската Унија“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто, Љупчо Николовски.

Во рамки на овој проект, со работа со италијанските партнери, се реализираа активности за детерминација на статусот на присуство, односно отсуство на штетни организми на територијата на Македонија. Исто така, од МЗШВ информираат дека е финализиран и предлог-текстот на Законот за производи за заштита на растенијата и дефинирана е рамката на Националниот акциски план за одржлива употреба на производите за заштита на растенијата.

„Со спроведувањето на проектот се обезбеди квалитатитвно зајакнување на административниот капацитет на секоја институција корисник поединечно. Некои од реализираните резултати претставуваат мотив за понатамошно вложување напори кои ќе придонесат кон унапредување на македонските состојби со актуелните трендови во политиките на ЕУ за современо водење и управување на службите за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитараната политика“, изјави Атанасов.

Проектот траеше 18 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП