26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие знаци покажуваат дека не ја поднесувате вашата работа

Овие знаци покажуваат дека не ја поднесувате вашата работа

Ако се препознавате, можете да направите само едно – средете го вашето CV и започнете го барањето на нова работа…

– Се свиткувате од мака кога ќе се сетите на ентузијазмот и наивноста кога на почетокот сте биле горди што сте започнале да работите на ова работно место,

– Сте сфатиле дека е ослободувачки да не ве интересира што шефот мисли за било што,

– Изнаоѓате изговори за сите корпоративни случувања,

– Секогаш навремено излегувате од работното место, не се задржувате ниту една минута повеќе,

– Вашиот лик при разговорот со вашите претпоставени и колеги е ладен, незаинтересиран и без никакви емоции,

– Се родило големо пријателство од омразата кон шефот,

– Сте го усовршиле она „да изгледате зафатено“,

– Мечтаете да најдете нова работа, било каква работа,

– Се радувате кога можете да излезете од работното место во текот на работното време,

– Престанавте да барате унапредување, бидејќи знаете дека ќе си заминете веднаш штом се појави некоја нова прилика,

– До тогаш, совршените секојдневни соништа за бегство кон идеалната работа продолжуваат…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП