22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел го предупреди Трамп на опасноста од трговска војна

Меркел го предупреди Трамп на опасноста од трговска војна

Германската канцеларка, Ангела Меркел го предупреди денеска американскиот претседател, Доналд Трамп на опасноста од трговска војна, доколку САД ја реализираат заканата за воведување на такса на увоз на странски автомобили.

САД веќе предизвикаа трговски спор, по воведувањето на таксата на увоз на челик и алуминиум, но би можеле да предизвикикаат трговска војна со данокот на увезените абвтомобили, рече германската канцеларка при обраќање во парламентот.

ЕУ воведе царина од 25 проценти на неколку американски производи, меѓу кои путерот од кикиритки, бурбон, фармерки и мотоцикли, како одговор на тоа што САД воведоа такси од 25 проценти на челикот и 10 проценти на алуминиумот во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП