10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените инвеститори се „поладни“ при шоковите на пазарите

Жените инвеститори се „поладни“ при шоковите на пазарите

Доколку екстремните пазарни промени станат нова норма, тогашн погледнете кон жените во светот на инвестирање, за да си пронајдете мир.

Мажите имаат четири пати поголема веројатност да се повлечат од инвестициите во периоди на турбуленции. Барем тоа го тврди новата студија на „Nutmeg Saving and Investment Ltd.“, цитирано од „Bloomberg“.

Нејзините истражувачи се фокусираат на нестабилните движења на цените во британскиот индекс „FTSE 100“ во последните шест години, кој се определува како движење на мерачот со повеќе од 1,5 пати над или под нормалните вредности на месечната нестабилноста.

Според заклучоците меѓу 50.000 базирани во Велика Британија инвеститори на платформата на „Nutmeg“, дамите почесто ги задржуваат стабилните позиции при вонредни околности, како паниката околу грчкиот долг во 2013-та година или во февруарската корекција на пазарот.

„Добро е да се види дека женските инвеститори го држат курсот за време на периоди на нестабилност на пазарот“, вели Шон Порт, главен инвестициски директор во лондонски „Nutmeg“. Според неговите зборови, многу е веројатно дека да се стават во подобра финансиска состојба на долг рок.

Сепак, најголемиот дел од инвеститорите од двата пола ги задржуваат своите позиции во нестабилноста – само 2,4% ја прилагодуваат нивната толеранција за ризик или ги продаваат инвестиции. Но, меѓу оние што продаваат, мажите се доминантен пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП