25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Samsung може да биде помал поради недостатокот на иновации во...

Профитот на Samsung може да биде помал поради недостатокот на иновации во телефоните

Јужнокорејската компанија „Samsung Electronics“ можеби ќе го забележи најнискиот раст на профит во вториот квартал по повеќе од една година, бидејќи послабата продажба на премиум смартфоните „Galaxy“ фрла сенка врз особено профитабилен бизнис со чипови, пренесува „Ројтерс“.

Аналитичарите очекуваат пад на продажбата на смартфоните на „Samsung“ за кварталот април-јуни, од повеќе од 2% пад во претходниот пресметковен период, бидејќи корисниците се свртуваат кон поевтините модели од кинески конкуренти, како „Xiaomi“.

Лидерството на „Samsung“ над „Apple“ на глобалниот пазар на смартфони е под притисок, откако „iPhone“ на американската компанија ги надмина пазарните очекувања, додека недостатокот на технолошките иновации ги поткопува предлозите на „Samsung“.

„Функциите кои мобилните телефони на „Samsung“ ги имаат, не се доволно привлечни за корисниците, така што тие ќе платат за нив“, коментира Сон Мин-су, аналитичар на „HI Investment & Securities“.

Најновиот предводник на „Samsung“ – „Galaxy S9“, беше лансиран на пазарот во средината на март. Компанијата е на пат да продаде помалку примероци од него во текот на годината по дебито на неговиот претходник „Galaxy S8“ во 2017-та година, велат аналитичарите.

Се очекува тоа да го спречи растот на профитот, кога корејскиот конгломерат ќе ги објави финансиските резултати за вториот квартал.

Аналитичарите предвидуваат оперативен профит од 14,9 илјади милијарди вона (13,3 милијарди долари) за кварталот што е со 5,7% повеќе во однос на една година претходно, но е под рекордните 15,6 илјади милијарди вона со кои го заврши кварталот во март.

„Samsung“, чија цена на акциите е за 9% надолу од почетокот на годината, се очекува да даде прогноза и за кварталот април-јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП