26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го возвраќа „ударот“ на САД со царини за 34 милијарди долари

Кина го возвраќа „ударот“ на САД со царини за 34 милијарди долари

Откако САД објавија дека овој петок ги вклучува царинските давачки против кинескиот увоз во вредност од 34 милијарди долари, Пекинг изрази подготвеност да одговори.

Според извори од „Ројтерс“, Кина ќе воведе царини за стоки од САД за 34 милијарди долари. Тие ќе стапат на сила на полноќ на 6-ти јули по кинеско време. Но, ова значи дека поради временската разлика помеѓу Пекинг и Вашингтон, кинеските власти ќе бидат пред американската администрација за 12 часа.

Ова исто така значи дека ако САД одлучат да се повлечат од одлуката, ќе треба да го направат барем еден ден порано, што го стеснува времето за дејствување на администрацијата.

„Нашите мерки се еднакви, а еднакви значи дека ако САД почнат на 6-ти јули и ние почнуваме на 6-ти јули“, изјави изворот на „Ројтерс“, кој побарал анонимност. Тој, исто така, вели дека престигнувањето се должи на фактот дека влегувањето во сила на сите нови законски мерки во земјата започнува на полноќ.

Трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Брисел се разгори, откако американските власти воведоа царина за увозот на челик и алуминиум, а мерката не го засегна само Пекинг, туку и сојузниците на САД како ЕУ, Канада и Мексико. Доналд Трамп потоа го најави воведувањето на 25% данок на повеќе од стотина кинески стоки – вклучувајќи автомобили, индустриски и високотехнолошки производи.

Одговорот на Кина беа реципрочни давачки од 25%, кои ја покриваат трговијата со месо, зеленчук, соја, виски, тутун и автомобили.

Трговскиот спор меѓу Кина и САД опфаќа голем број на индустрии – од челичната до автомобилскиот сектор, но се почесто и секторот на електрониката, каде економиите на двете земји се силно испреплетени. Американскиот претседател Доналд Трамп често ги критикува кинеските компании за наводно крадење на интелектуалната сопственост на нивните американски ривали.

И додека владите се борат на политичкиот фронг, компаниите се соочуваат со потенцијални пречки во сложениот синџирот на снабдување, која ги произведува повеќето од телефоните на светот, компјутерите и нивните компоненти. Така на пример американската компанија „Qualcomm“ дизајнира чипови, по што ги произведува во азиските земји, вклучувајќи ги Тајван и Јужна Кореја. Полупроводниците потоа стануваат најважни електронски делови во телефони кои главно се произведуваат во Кина, а потоа се продаваат низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП