2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува примената на Законот за мобинг

Почнува примената на Законот за мобинг

mobing1

Од денеска стартува примената на Законот за психичко, физичко и сексуално вознемирување или таканаречениот Закон за мобинг. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) апелираат сите работници кои се жртви на некој од овие видови вознемирување тоа да го пријават и да си обезбедат заштита која им ја нуди Законот.

– Од денеска сите наши колешки и колеги што се жртви на психичко, физичко или сексуслно вознемирување да се обратат до правните застапници на ССМ, до гранските синдикати, но и до Антимобинг канцеларијата при ССМ, рече на прес-конференција претседателот на ССМ Живко Митровски.

Законот, рече тој, е историски исчекор за заштита на правата на работниците и доказ за функционирањето на социјалниот дијалог во земјата.

– Донесувањето на законот беше неопходно и поради тоа што претставува основа за обезбедување здрава работна средина неопходна за општествениот напредок и градење на профитни вредности во компаниите, но и поради тоа што анализите покажаа дека како резултат на мобингот државата губи околу 1,7 милиони денари, како резулат на лекување на жртвите од мобинг, рече Митровски.

Тој апелираше сите работодавци да го запазат законскиот рок од 3 месеци да ги информираат сите вработени за законот и да ги преземат активностите поврзани со објаснување на постапките. Исто така, рече, треба да ја состават листа на посредници.

Од ССМ се задоволни со законското решение, и особено од ригорозните казнени санкции, кои предвидуваат од 5 до 6 илјади евра за сите работодавачи кои не ги спроведуваат мерките поврзани со Законот за мобинг или до 4 илјади евра за лицето кое го врши мобингот, како и предвиденото надоместување на штета за сите жртви на психичко физичко или полово вознемирување.

Истражувањата што ги направил ССМ покажале дека на мобинг најчесто биле изложени вработени во текстилната индустрија, делови од здравството и јавната администрација. Најмногу од испитаниците, според Митровски, се пожалиле на психичко вознемирување, влијание врз способноста на работникот, а сосема малку на физичко вознемирување. Истражувањето покажало дека над 42 проценти од испитаниците се изјасниле дека биле изложени на мобинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП