5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе ги поттикнува работодавачите да исплаќаат повисоки плати од минималната

Владата ќе ги поттикнува работодавачите да исплаќаат повисоки плати од минималната

Со предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, за кој министрите се согласија дека треба да се донесе по скратена постапка, се уредува финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата.

Целта е да се поттикнат работодавачите да исплаќаат плати на работниците во повисок износ од минималната плата утврдена со овој закон, за подобрување на економскиот стандард и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија. Со предложените измени и дополнувања на Законот за исплата на минимална плата во Република Македонија ќе се поттикне спиралата за покачување на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП