17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската амбасада во Скопје го одбележа 4 јули - Денот на независноста...

Американската амбасада во Скопје го одбележа 4 јули – Денот на независноста на САД

Со спектакуларен огномет во Американската амбасада во Скопје вечерва беше одбележан 4 јули, Денот на независноста на САД. Годинава одбележувањето беше во знакот на џинсот и сината, белата и црвената боја, кои го симболизираат американското знаме.

На прославата беа присутни премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, речиси целиот тим на СЈО, судии, обвинители, новинари, амбасадори…

„Постигнат е значаен прогрес минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела“, рече амбасадорот Џес Бејли на отворањето и додаде дека за една година е постигнат огромен напредок.

Бејли ги пофали договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Бугарија. Одбележувањето на 242 годишнината на независноста на САД, помина опуштено со музика и неформално дружење.

https://www.facebook.com/USEmbassyMacedonia/videos/10155606851992157/?t=1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП