19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРијад и Москва го потврдија зголемувањето на приносите од 1 милион барели...

Ријад и Москва го потврдија зголемувањето на приносите од 1 милион барели дневно

Саудиска Арабија и Русија го потврдија договорот меѓу земјите од ОПЕК и нивните сојузници за зголемување на производството на нафта со 1 милион барели дневно, соопштува „Bloomberg“.

Заедничкото соопштение на двете најголеми земји производители во групата позната како ОПЕК +, доаѓа неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил уверување од Ријад дека кралството може да го зголеми производството со двојно тоа количество.

Зголемувањето на производството на двете земји треба да донесе малку смирување на пазарот. Во понеделникот цената на нафтата поевтини драстично за време на американската трговија, а вредноста за барел „црно злато“ од типот Брент потона со над 2,4% поради тврдењата на американскиот претседател.

За време на азиската трговија, трошоците за суровините се зголемија поради проблемите со снабдувањето во Либија.

Саудискиот министер за енергија, Халид ал Фалих и неговиот руски колега Александар Новак, оствариле телефонски разговор во понеделникот во кој ги потврдиле условите на договорот постигнат на крајот на минатиот месец во Виена, станува јасно од изјавите на двете министерства.

Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК) и нејзините партнери се согласија на 23-ти јуни дека намалувањето на производството е поголемо од намерите со договорот од 2016-та година и треба да биде приспособен. Двете изјави укажуваат дека ова претставува количина еднаква на 1 милион барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП