16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија блокираше 50 тони бразилско месо со салмонела

Албанија блокираше 50 тони бразилско месо со салмонела

Националниот Институт за храна во Албанија денеска блокираше 5о тони месо пристигнато од Бразил поради присуство на бактеријата салмонела.

Во текот на оваа година Институтот на Албанија по направените анализи на месото што се увезува од Бразил блокирал и уништил уште 13о тони телешко месо во кое е утврдено дека исто така имало салмонела.

Последните месеци албанскиот Институт за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така, пред извесно време воведе и голема контрола на кланиците во Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП