3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна акцијата за чистење на Зоолошката градина во Скопје

Почна акцијата за чистење на Зоолошката градина во Скопје

Утринава екипи на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ почнаа со расчистување на високите треви, живеалиштата, како и ботаничката градина во Зоолошката градина во Скопје.

Директорите на претпријатијата, Адриан Муча и Абдусамед Шабани, најавија дека ќе продолжи соработката со „Зоолошка градина Скопје“ сè до нејзино финално расчистување, а ЈП „Комунална хигиена“ донираше и 50 канти за отпадоци кои се неопходни за Зоолошката.

Од Зоолошката градина информираат дека ова е првиот чекор од проектот „Европска зоолошка за европско Скопје“, а ќе се работи интензивно до конечно расчистување на омиленото катче на најмладите. Напоредно се работи и на нови инвестиции кои ќе придонесат за благосостојба на животните, како и за усовременување на постојните живеалишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП