10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот VW Beetle ќе биде електричен автомобил

Следниот VW Beetle ќе биде електричен автомобил

„Volkswagen“ засега не ја планира третата генерација на својот некогаш најпопуларен модел „Beetle“ (Буба), но бранот на електрификација би можело да го спаси од пропаст.

Актуелната „Буба“ е направена на истата платформа како и „Golf 6“, a додека „VW“ на големо работи на осмата генерација на својот дефинитивно најпопуларен модел, „Буба“ се уште не се наоѓа во слични планови.

Сепак, како што шпекулираат одредени медиуми, „VW“ ја разгледува можноста новата „Буба“ да ја направи како електричен модел со четири врати.

Иако некои дизајнери веќе покажаа како ја замислуваат „EV Beetle“, доколку „VW“ го стартува тој проект, ќе бидат потребни најмалку 2-3 години за тој да се реализира.

Доколку навистина добие „зелено светло“, новата „Буба“ најверојатно ќе биде базирана на „MEB“ платформата која е наменета токму за „EV“ возила.

Oваа архитектура би му овозможила на „VW“ да го сочува легендарниот дизајн на „Буба“ во комбинација со поголем простор и комфор во ентериерот со современи пакети на опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП